На денешната седница на Владата биле донесени одлуки за намалување на царинските давачки за овошје и зеленчук на 10 насто, од сегашните 65%, изјави за СТУДИО 10 на ТВ 24 министерот за економија Крешник Бектеши.
Исклучок останува царината на доматите, краставиците и пиперките за да им е остави простор на домашните земјоделци, вели Бектеши според кој добро е што има зголемен извоз на земјоделски производи, но примарен треба да е домашниот пазар.
Тој апелира до трговците домашните производи наменети за домашниот пазар да не ги извезуваат.
„Нашите трговци повисоки цени добиваат во соседните земји и преферираат да продаваат надвор од државата со што ние како држава два пати губиме – недостатокот го надоместуваме со увоз за што се плаќа царина од 65%. Така, пиперките наместо 100 денари веднаш чинат 165 денари без трговските маржи“, вели министерот.







