Во декретот објавен во четвртокот, Владата на меѓународно непризнатата Република Нагорно-Карабах нареди да се распуштат „сите државни институции и организации“ во регионот на Кавказ почнувајќи од 1 јануари 2024 година.



На овој начин, Нагорно-Карабах „ќе престане да постои“, објавија ерменските медиуми, повикувајќи се на изјава на премиерот Самвел Шахраманијан, кој го потпишал документот, јавува Дојче веле.

Нагорно-Карабах му припаѓа на Азербејџан според меѓународното право, но областа е претежно населена со Ерменци.

На 19 септември,  Азербејџан во Нагорно-Карабах започна голема воена офанзива.  Само еден ден подоцна, проерменските борци во Нагорно-Карабах мораа да го признаат поразот.

Владата во Ереван во четвртокот објави дека 65.000 луѓе, повеќе од половина од населението на Нагорно-Карабах,-  веќе побегнале во Ерменија. 

Во Нагорно-Карабах од наредните денови нема веќе да има Ерменци, изјавил ерменскиот премиер Никол Пашинјан во четвртокот, според руската новинска агенција Интерфакс.