Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа на ТВ 24 вели дека од неговата партија ќе го бојкотираат законот за амнестија зашто станува збор за пуштање криминалци на слобода.
Тој вели дека ова се преви по втор пат а дека и сега поентата е да одработат за ДУИ и СДСМ за време на изборите. Ова е обланда за криминалците да се најдат на слобода.
„Јас не верувам дека ова се ситни криминалци. Денеска дознавам дека Хаки и Фејзи Азири ќе се најдат на слобода кои се осудени за тешки дела. Таквите криминалци прават проблем на ВМРО-ДПМНЕ затоа што ќе бидат должи за амнестијата. За мене трговија со дрога не е ситен криминал“, вели Коцевски.
Коцевски вели дека со овој закон владејачките партии се подготвуваат за опозиција и се спасуваат себеси од кривичен прогон.







