Координаторот на пратеничката група на Алијансата за Албанците Аднан Незири во интервју за Алсат вели дека Алијансата за Албанците нема да ја напушти Владата.
ТВ Алсат пишува: Тој појасни дека меѓу владините коалициски партнери нема никакви проблеми, кои би можеле да ја наведат партијата, што ја претставува, да ја напушти Владата. „Не е разговарано за тоа. Неточни беа изјавите дека има лоши односи и оти треба да се излезе од Владата.“ – укажа Незири,
Во меѓувреме, денеска на прашањето дали Алијансата за Албанците ќе ја напушти Владата пред парламентарните избори, без разлика дали се редовни или предвремени, лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари рече дека е сè можно во политиката.
„Сега за сега не сме разговарале за тоа, но околностите се многу интересни. Секој ден има многу случувања, така што не можам да кажам нешто конечно во овој момент. Секогаш е сè можно во политиката.“ – нагласи Таравари.





