За разлика од инсистирањето на официјална Софија за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија, лидерот на бугарската партија Преродба, Костадин Костадинов, со спротивна позиција.
„Дали се поткопува или не т.н. ‘француски компромис’ на Кирил Петков и Христо Иванов, во крајна линија нема значење за бугарштината во Македонија. Вклучувањето на Бугарите меѓу шест, седум или осум други националности во Република Северна Македонија, без разлика дали во некоја преамбула или во одделни делови, го забива последниот клинец во ковчегот на бугарскиот карактер на Македонија“, изјави Костадинов во името на пратеничката група на неговата партија.
„Пред споменот на генерациите кои паднаа за бугарштината отаде Осогово и Огражден сите ние сме одговорни, секој на свој начин. И секој од нас во оваа просторија пред сè мора да се грижи за бугарскиот национален интерес. Ние од Преродба го правиме тоа, размислете дали вие го правите“, додаде тој.
Според првиот човек на третата партија според бројот на пратеници во бугарското Народно собрание, не е исклучено впишувањето на Бугарите во Уставот да се состои само во Преамбулата, што не гарантирало никакви права.





