„Во политиката, посебно во оваа наша примитивна балканска и македонска, личните интереси и привилегии се примарни. Еве и сега со блокадата на уставните промени како услов за ЕУпатот до интеграција, инаетот, суетата, рејтингот, се поважни од државата како инаетчиите да живеат во друга држава.“ – вели новинарот Зоран Иванов во изјавата за анализата со наслов „Кој профитира од ‘теленовелата’ Груевски-ВМРО-ДПМНЕ: ‘На сите им одговара, но најмалку на СДСМ“, која ја објави информативниот портал „Локално“.
Покрај другото, „Локално“ пишува: Новинарот Иванов жали што политичката слика во моментов во земјава е таква каква што е. Порачува дека граѓаните сега можат да се уверат кој се` тоа бил и е во политиката и за кого сечеле вени.
Кога на анкети се изјаснуваат дека Македонија е „на погрешен пат“ значи не на патот за ЕУ туку на патот на изолација и криминал, на патот кој исклучува се освен гола борба за власт, читај државниот буџет, нека согледаат кој тоа наместо кон ЕУ, се обидува да го заврти развојното кормило, да ја пренасочи државата на друг колосек, па нека ценат, идат избори, вели Иванов.
.
.





