Д-р Даниловски: Кој тоа, кога и зошто ќе набавува лек за Ковид!?

Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се обрати на Комисијата за заштита од заразни болести, откако беше обелоденето дека „„На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против КОВИД-19 Паксловид ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи.“



Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно на располагање.

“Дали сте, бре, нормални? – прашува доктор Даниловскли во статус на Фејсбук.

Сте чуле ли дека Паксловид се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите пет дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да не завршат во болница или на гробишта? Како тоа да се спречи, ако немаме Паксловид?Конечно, сте чуле ли дека веројатноста за појава на „пост-КОВИД“ синдромот („долг КОВИД“) е поголема кај оние со тешка клиничка слика?