Претседателот на „Демократско движење“ и поранешен висок функционер на ДУИ, Изет Меџити, сега вели дека претседателот Стево Пендаровски водел преговори со висок профил на политичари од власта за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски
Лидерот на „Демократско движење“, Изет Меџити, вели дека шефот на државата тоа го сторил со челници на ДУИ на Денот на НАТО – 4 април.
Претседателот Пендаровки демантираше такво нешто, откако Меџити претходно изјави дека Пендаровски имал средба со луѓе од власта на Денот на Европа.
Според шефот на државата, тој ден имал средба имал единствено со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Меџити синоќа излезе со коментар дека високи експоненти на Демократската унија за интеграција побарале од Пендаровски „да го врати Груевски од Унгарија“.
„На денот на НАТО високи експоненти на ДУИ бараа и го молеа Претседателот по секоја цена да го врати Никола Груевски доколку сака земјата да има перспектива“, рече поранешниот висок функционер на ДУИ. (Фактор)







