„Теророт на Курти не престанува и натаму. Се случуваат нови апсења Срби во Косово.“ – објави српскиот информативен портал „Србија данас“.
„Србија данас“ пишува: „Синоќа, 25 септември, во Рајска Бања се уапсени двајца Срби, поради наводно сомневање дека поседувале илегално оружје.“ – соопшти заменик-директорот на така наречената косовска полиција Ветон Елшани.
„Уапсените Срби се затекнати со значително количество на оружје. Истрагите ќе покажат дали имале врски со нападите врз косовската полиција.“ – изјави Елшани.
Досега се уапсени осум луѓе.





