Инспекцијата продолжува да ги чешла меркетите, најдени еден куп неправилности – Ќе поевтинат ли и пијалаците?!

Министерот за економија Крешник Бектеши ги кажа маркетите кои си играле мајтап со граѓаните и затоа биле затворени од Државниот пазарен инспекторат. Сепак, во  другите земји оваа мерка има подолг рок на примена, додека кај нас, предвидено е да важи само до 30 ноември односно нешто повеќе од еден месец, што нема да ги даде очекуваните ефекти. Бектеши најави и дека утре ќе се носи одлука за намалување на цените на пијалоците а се прави и анализа за хигиенските производи.



Државниот пазарен инспекторат затвори неколку поголеми и помали маркети во како во Скопје, така и во Струга и во Кичево. Трговците заработија парична казна од околу 70 илјади евра и пломба на дуќаните. Мерката за намалување на цените на неколку стотина прехранмбени производи е на сила веќе пет дена а ќе трае најмалку до 30-ти ноември. Инспекциските контроли со засилено темпо ќе продолжат и во следниот период а трговците кои нема да ги намалат цените на производите кои ги утврди владата ќе добијат соодветна казна.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека биле исполнети сите желби на бизнис секторот поврзани со оваа мерка, затоа инспекциите нема да им прогледаат низ прсти на трговците кои ќе се обидат да ги заобиколат правилата. Утре владата треба да донесе и одлука за намалување на цените на пијалаците.

Им ја исполнивме желбата, и така ќе биде, во целина ќе се испочитуваат законските одредби и во делот на затворањето но и во делот на забрана на вршење на дејност на одредени компании кои во претходните месеци а посебно сега во овој период би можеле да работат спротивно на законските одредби“, рече Бектеши.

Од Стопанската комора пак велат дека надлежните им оставиле краток рок трговците да ги корегираат цените во маркетите.