Од 1 октомври, ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нов директор. На местото на досегашниот прв човек Драган Илиевски ќе седне актуелниот генерален секретар на Град Скопје и десна рака на Данела Арсовска, Зоран Глигоров, неофицијално дознава „Фокус“.
Според медиумот и во самата институција веќе на големо се зборува за неговото доаѓање, односно остануваат уште неколку денови за да ја заземе директорската позиција.
Неговото официјално претставување беше на една од Седниците за советнички прашања на Град Скопје, каде тој се претстави со куса биографија, во која истакна дека по професија е економист и дека специјалност му е оданочувањето.
Тој на една од седниците за советнички прашања од страна на „вмровците“ беше обвинет за семејно насилство.
Арсовска постојано ги менува директорите на јавните институции, кои се под надлежност на Град Скопје.





