Убиство во Кочани – жена усмртена со 40 убоди од нож

Свирепо убиство во Кочани. 46годишна жена пред куќата во која живеела била брутално нападната од 59 годишен маж, при што и нанел над 40смртни убоди од кои таа починала. Убиството се случило утринава во 6.15минути кога жената тргнала кон работа. Според првичните сознанија причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Неофицијално тие биле во врска, но откако се разделиле уцените и притисокот од страна на 59годишниот маж станале се посилни. Жената и претходно пријхавувала закани во полиција и јавното обвинителство.



Закони за заштита на жените има, но институциите замижуваат пред ваквите случаи, алармираат од женската граѓанска организација ЕХО, Секоја пријава мора сериозно да се свати и да се реагира по истата. Во наредниот период институциите треба да одговорат на многу клучни прашања, посочуваат од ЕХО.

Од СВР-Штип информираат дека на 16 април Т.М.пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. со кого била во љубовна врска, дека ќе објави компромитирачки видеа и фотографии доколку не му даде пари. Од страна на инспектор е постапено и е поднесено известување до ОЈО-Кочани.  Во јули и таа самата пријавила во Обвинителство, но дека ја уценувал во врска со кредит. Закани по нејзиниот живот и загрозување на сигурноста немало, брифираат од ОЈО. Убиената е мајка на три деца, а од кочанскиот Центар за социјални работи засега нема информации дали и тие имат преземено било какви активности во целиот случај.