Зеленски: Украина и САД заедно ќе произведуваат оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање рече дека Вашингтон и Киев се договориле за заедничко производство на оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.



„Постои историска американска одлука за заедничко производство на оружје и одбранбени системи, особено системи за противвоздушна одбрана.

Ова е нешто што не толку одамна беше апсолутна фикција. Но, тоа ќе стане реалност. Ќе го направиме тоа реалност“, рече претседателот.

Тој не прецизираше за какво оружје станува збор, но рече дека договорите значат нови работни места „за двата наши народи – Украинците и Американците“.

„Имаме јасна перспектива – она ​​што веќе го договоривме – нови сили на Украина да спречат повторување на руските агресии“, додаде Зеленски.