Борел: Нападите на Косово мора веднаш да престанат

Борел: Нападите на Косово мора веднаш да престанат, Еулекс е на теренот

Високиот претставник на Европската Унија Жосеп Борел изјави дека најостро го осудува „ужасниот напад на вооружена банда на припадниците на косовската полиција во Бањска на северот на Косово“, во кој еден полицаец загина, а двајца се повредени.



„Сите факти за нападот мора да бидат утврдени. Одговорните извршители мора да се соочат со правдата. Повеќе невини животи се загрозени во тековните конфликти во околината на манастирот Бањска. Овие напади мора веднаш да престанат“, порача Борел.

Тој додаде дека Еулекс, како и другите одговорни безбедносни фактори, се на терен и во близок контакт со властите и Кфор.

„ЕУ и нејзините земји членки повеќе пати ги повикуваат сите страни да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово“, кажа шефот на дипломатијата на ЕУ.