„Косовската полиција ликвидира најмалку 5 криминалци од 30-члената вооружена група, кои ја нападнаа и убија полицаец“ – се разгорува на Косово?!

„Медиумот ‘Албаниан пост’ дознава од два извора дека косовската полиција успеала да елиминира најмалку 5 криминалци од терористичката група, која ја нападна косовската полиција и го уби полицаецот Африм Буњаку.“пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА.



Илирија – ИНА пренесува: „Но, косовската полиција се уште не ја потврди оваа информација. Информацијата не ја потврдуваат ниту од КФОР.“

„Албаниан пост’ е информирана од два независни извора дека најмалку 2 члена на оваа криминална група се ликвидирани. Најмалку 30 тешко вооружени, професионални и организирани лица ја нападнаа косовската полиција.