Папата Франциско сугерираше дека некои земји „играат игри“ со Украина со тоа што прво и обезбедуваат оружје, а потоа размислуваат да се повлечат од своите обврски.
Запрашан од новинарите дали е фрустриран што неговите напори да се постигне мир не успеале, тој одговори дека чувствува „извесна фрустрација“, а потоа почнал да зборува за индустријата за оружје и војната.
„Ми се чини дека интересите во оваа војна не се само оние поврзани со украинско-рускиот проблем, туку и со продажбата на оружје, трговијата со оружје“, рече тој.
„Не треба да си играме со мачеништвото на овој народ. Мораме да му помогнеме да ги реши нивните проблеми.
Сега гледам дека некои земји се повлекуваат и не сакаат да и дадат оружје на Украина. Започнува процес во кој маченици ќе бидат Украинците и тоа е прилично грда работа“, рече тој.
Запрашан за појаснување на изјавата на папата, портпаролот на Ватикан, Матео Бруни рече дека Папата не зазема став за тоа дали земјите треба или не да продолжат да испраќаат оружје во Украина.
„Папата низ парадокс рече дека оние кои тргуваат со оружје никогаш не ги сносат последиците од својот избор, туку ги оставаат да платат за луѓе како Украинците, кои се измачувани“, појасни Бруни.







