Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски синоќа на социјалните мрежи информираше зошто вчера биле казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во скопските населби Кисела вода, Тафталиџе, Чаир, Бутел, како и во Струга.



„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата, објави на својот ФБ профил директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите!

Денес казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга.

Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните“!, порача Трајковски.