И.Ј. (35) од Скопје, кој завчера беше пронајден во опожарениот стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром, починал од насилна смерт.
По извршена обдукација, утврдени се траги на насилство и насилна смрт, како последица на убоди од остар предмет, соопшти МВР.
„СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.
Пожарот завчера, во 9.47 часот, бил пријавен во СВР Скопје.







