Што бара министерот Спасовски во работно време на панаѓур каде дава предност на ,,добро расположение” (ФОТО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во работно време заминал на панаѓур каде според неговите зборови дава предност на ,,добро расположение”.



Наместо во петок околу 14 часот да биде на своето работно место и да се грижи за безбедноста и да брка криминалци Спасовски заминал на панаѓур во Неготино.

Според неговата Фејсбук објава тој вчера во тек на работното време околу 14 часот бил на панаѓур.

Да имаше Македонија вистинска Антикорупциска комисија и вистинска вицепремиерка за добро владеење на местото на Славица Грковска која фиктивно ја држи таа позиција Спасовски ќе беше казнет што во тек на работно време оди во предизборна кампања, промоција за иден лидер на СДСМ или кандидат за претседател.

Неговото присуство на панаѓур нема никаква врска со неговата позиција прв полицаец.

,,Со задоволство се одзвав на поканата на неготинци да го посетам познатиот „Неготински панаѓур”, едновековна традиција на овој град за време на гроздоберот во Тиквешијата, а во чест на верскиот празник Мала Богородица.

Оваа тридневна манифестација, со најдолга традиција во Македонија, привлекува голем број гости и посетители од сите краишта на државата, трговци кои ги промовираат своите производи, карактеристични за поднебјето.

На овој ден се дава предност на доброто расположение, радоста на живеењето и другарувањето – нека е за многу години”, пишува Спасовски фатен дека својата огромна плата не ја заработува како и секој друг граѓанин туку во работно време шета по панаѓури.