Дури и да не се постават нови цевки под мостот „Беласица“ кој настрада во пожар, од ЕСМ уверуваат дека Скопјани нема да останат без парно греење.
Од ЕСМ од каде велат дека постои алтернативен цевковод по кој ќе се спроведува топлинската енергија до парното во стамбените комплекси.
Најповолната варијанта е сепак да се постават новите цевки под мостот „Беласица“ за кои само се чека дозвола од град Скопје, дознава Канал 5.
Она што се гледа под мосото е дека за да може да се постават новите цевки мора прво да се заврши санацијата на оштетениот дел на мостот бидејки тоа ќе биде тешко изводливо ако се постават прво цевките.
Од град Скопје сеуште нема став што ќе се прави со мостот, кој засега функционира на по една сообраќајна лента.
Од ЕСМ, пак велат дека тие не се надлежни да го санираат мостот а за својот дел за цевките само чекаат дозвола.
Бислимови рече дека ако тоа не се направи и ако се оди по алтернативни цевководи тоа би имало послаб проток, а со тоа и поголеми трошоци, но за тоа каква ќе биде цената на парното ќе се почека и на одлуката на Владата дали ќе продолжи со субвенциите.
Грејната сезона во Скопје официјално започнува на 15 октомври…







