Двојазична поштенска марка со ликот на Скендер бег денеска беше промовирана во Собранието иако Законот за јазици, се уште не е стапен на сила.



Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, не знаеше да одговори по кој закон или пропис е изработена марката, јавиТелма.

Генералниот директор на Македонска пошта, се повика на внатрешни прописи.

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, се уште размислува даи да го потпише, или да стави вето на законот за јазиците за кој во новогодинешното обраќање во парламентот рече дека е противуставен.