Навредена: Обвинителка за измените во Кривичнио законик

Измените на КЗ се во насока на неказнивоста и навреда за обивнителите кои искрено се борат со корупцијата оценува обвинителката Ленче Ристоска кој до сега е единствена обивнителка која јавно проговори законот и одговри на прашањата на новинарите.



Измените на Кривичниот законик и тоа како влијаат на културата на неказнивоста која некако се протержира во изминатите години. И Обвинителството, по мое мислење, е ставено пред една неблагодарна и тешка задача. Имаме кратки рокови, таму каде што не е застапена застареноста, тоа експресно да се заврши. Од друга страна, ресурсите се такви какви што се, не ни се унапредени состојбите, вели Ристоска и додава;

„Самите измени јас лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои сме се вложиле во борбата, пред се, против корупцијата, бидејќи овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела“ , вели обвинителката