Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го заврши долгиот ден на лобирање во Вашингтон во Белата куќа, каде во четвртокот се сретна со претседателот Џo Бајден, откако доби пакет за воздушна одбрана од 325 милиони долари.
„Нема душа во Украина која не чувствува благодарност кон тебе, Америка“, рече Зеленски како што пренесува „Њујорк Тајмс“.
На средбата со Бајден, Зеленски предупреди дека списокот на рускиот претседател Владимир Путин на земји што треба да се уништат е долг и ако Украина падне, половина од Европа ќе биде во опасност да падне во сферата на влијание на Москва.
„Сега Путин има поинаков список на цели. Наместо да диктира услови на Америка, Европа и на целиот слободен свет, Путин е принуден да се понижува себеси со тоа што лично ќе прими делегација од Пјонгјанг и се обидува да му се допадне на Техеран. Ова ја покажува неговата очигледна слабост “, рече Зеленски.
Тој потсети дека Украина плаќа највисока цена за заштита на слободата и глобалната безбедност.
„Русија секој ден и секоја ноќ го продолжува својот терор со проектили и ирански беспилотни летала. Но, секој ден нашето единство останува силно. Вие стоите со нас. Знаеме дека нема да паднеме.
И гледаме како нашата слобода ја одржува контролата на булдогот“ (алудирајќи на Путинова Русија – н.з.)
Уверени сме дека другите народи нема да мора да испраќаат свои војски во оваа битка.Украина може да ја заврши оваа војна со победа која ќе биде наша заедничка победа“, рече Зеленски.






