Пратеничката група на ДУИ ќе го поддржи законот за амнестија (кој се’ уште не поминал на Влада), бидејќи законот има позитивна цел, и не предвидува амнестија за тешки кривични дела, вели координаторот Арбр Адеми за ТВ 21.
Инаку, на владината седница беше одлучено законот да се усогласи со другите институции и потоа да биде испратен на одобрување во Собранието, соопштија од Министерството за правда.
Адеми вели дека законот овозможува похуман пристап, похуман за сите осуденици со оглед на тоа што затворите се преполни и целта е во насока на подобри услови за останатите осуденици кои треба да ја одлежат казната.
„ Значи не се работи за, како што се зборува во јавноста, за луѓе кои извршиле убиства, тешки кривични дела, за луѓе кои се инволвирани во случаите што ги покрена Специјалното обвинителство, значи не станува збор за тоа“, вели Арбр Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ за ТВ21.
СДСМ не го коментира законот. Велат дека кога ќе заврши целиот процес ќе се изјаснат дали го поддржуваат законот или не.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не го поддржуваат законот бидејќи според нив власта ги амнестира само криминалците, а не и оние што ја сакаат државата, алудирајќи на осудените за настаните од 27 април, за кои неговата партија бара амнестија веќе подолго долго време.







