Наставничка во основно училиште им предавала на учениците дека во Македонија се дозволени семејства од двајца мажи или две жени покажува видео во кое родителите на еден ученик разговараат со своето дете околу тоа што го учеле на училиште.
Во разговорот со своите родители детето раскажува дека учителката чие име не се слуша ги учела учениците дека во земјава е дозволено семејство да формираат машко со машко и женско со женско.
Според македонските закони овие две форми на брак кои се легализирани во други држави постојат но не се опфатени со законот за семејство.
Видеото предизвика згрозување кај родителите.
,,ЗГРОЗЕН СУМ‼️
Онаа што го најавуваа, почнаа да го имплементираат во образованието.
Мора да си ја одбраниме здравата нација, мора секојдневно да разговараме со децата!
Овој процес на збунување и загадување на децата НЕ СМЕЕ ДА ИМ ПОМИНЕ”, пишува родителот кој го објавува видеото.
Линк до видеото




