
Второто рочиште во процесот за навреда и клевета што Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и претседателот на ММДЧП Бил Николов го покренаа против 360 Степени, ќе се одржи во петок, 22 септември 2023 година, во 10 часот, судница бр. 22 во Основниот граѓански суд Скопје, Македонија.
ММДЧП ги повикува македонските и меѓународните медиуми, организации за заштита на човековите права, политичари, дипломати и сите заинтересирани за човековите права и за владеењето на правото да присуствуваат на рочиштето и да известуваат за текот на овој важен случај.
На 27 октомври 2022 година, 360 Степени објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и за претседателот на ММДЧП Бил Николов. Во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на 360 Степени на 28 октомври 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Николов. Османи продолжи со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година – тврдат од ММДЧП.





