Во моментов се случува огромен скандал во затворот ,,Шутка”, за кој брифираат извори од управата за извршување на санциии кои велат дека ако се спроведува законот МВР и Обвинителството мора веднаш да го уапсат директорот Филип Андов – Сокол кој е кадар на Ковачевски.
Според изворите во моментов во иста ќелија се двајца луѓе осомничени за инволвираност во ист настан, двојно убиство, што значи дека управата на затворот со знаење им дала иста ќелија во која можат да се договараат како да настапат пред обвинителството и судот.
Притворениците се поврзани со двојното убиство во Шиша Бар во Старата турска чаршија. Едниот притвореник Дритон Малиќи е човекот кој од Урошевац го купил возилото што се користело за трансфер на убијците во Урошевац.
Малиќи е во иста притворска просторија со Фатљум Ајети за кој според извори во обвинителството има основано сомневање дека е во врска со извршителите на убиството.
Во држава со владеење на правото оваа ситуација е недозволива.
По информацијата за скандалот во Шутка Обвинителство и Судот ќе мора веднаш да реагираат и ако се утврди дека директорот Филип Андов свесно ги ставил притворениците во иста ќелија тој ќе мора да биде притворен или повикан на распит, тврдат изворите на expres.mk.
Цели 72 часа ЈО не реагира за случајот






