Три цврсти различни извори тврдат дека Груевски е дел од планот на СДСМ и ДУИ за уставни измени, тврди Мартенс

Еден од најдобрите познавачи на Западен Балкан Михаел Мартенс кој е доисник на влијателниот германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг открива дека три различни извори со кредибилитет му потврдиле дека екс премиерот Груевски бил дел од плановите на СДСМ и ДУИ за негово враќање и промена на уставот.



Мартенс во чие интервју Мицкоски го обвини Груевски дека соработува со Ахмети и Ковачевски за поделба на ВМРО-ДПМНЕ и промена на уставот смета дека дури и ова даа се случи Бугарија пак ќе уценува и ќе и става вето на Македонија.

,,Она што можам да го кажам е дека три извори кои ги сметам за цврсти, независно еден од друг, тврдат дека плановите за враќање на Груевски постојат или постоеле. Секогаш во овој контекст се споменуваше името на Али Ахмети, лидер на најголемата албанска партија во Македонија.

Некои набљудувачи велат дека решението е само прашање на цената, што значи дека владата ќе може да уценува или поткупи на својот пат до гласовите што недостасуваат во парламентот. Ова веројатно би ја отворило вратата за дополнителни бугарски барања во наредните години, секогаш заедно со закана за вето”, пишува Мартенс кој важи за сериозен новинар и аналитичар.