Македонската машка ракометна репрезентација го испушти Европскиот првак Германија и одигра нерешено 25-25 иако се беше и се требаше да биде со хепиенд, а сплет на околности не запре да славиме и да дојдеме до најголемата победа во историјата на нашиот ракомет, па и спорт. На 15 секунди до крајот Стојанче Стоилов на додавање на Кире Лазаров беше во чиста ситуација и од шест метри само среќа ги спаси Германците кои потоа пропуштија и да шутнат кон нашиот гол. Ремито е можеби најреален исход и не сме незадоволни, особено што губевме на полувреме со 12-11, а во негатива бевме и во завршните 6-7 минути во кои постојано ги бркавме противниците, но од друга страна жалиме заради споменатата ситуација, затоа што одлично отворивме во Арена со 5-2 и 6-2, а најмногу затоа што на средина од вториот дел имавме големо водство од 19-16.
Најдобри поединци кај нас беа Борко Ристовски со 12 одбрани, а меѓу стрелците Талевски даде 6, Кире Лазаров и Манасков по 5. Во таборот на Германија Вајндхолд даде 8 гола.
По нерешениет 25-25 против постоечкиот Европски ракометен владетел Германија, Македонија завршува како прва со 5 бода и во новата група, а таа ќе ги даде противниците за полуфиналето ќе пренесеме 3 бода што ќе не стави во позиција во Вараждин од недела до среда иддната недела да се надеваме и на пласман во завршниот квартет.





