Забранет токсичен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Македонија во Хрватска, соопштено е во средата во европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна.
„Кај пиперките од Македонија откриени се остатоци од пестицидот форматенат. Ризикот е сериозен“, се вели во соопштение.
Форметанат е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук.
Многу земји сè уште го користат, но е забранет во Европската унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето, јави N1.





