Поранешниот градоначалник на Скопје, Владимир Тодоровиќ, по 2,5 месеци поминати во домашен притвор има право да ја тужи државата…
„Обвинетите функционери за кои настапува застареност на кривичното гонење може да побараат и Надомест за притворот кој со запирањето на истрагата би бил неоснован.
Исто така, ним треба да им бидат исплатени судските трошоци за водењето на постапките. Ова го овозможуваат измените на Кривичниот закони што стапија во сила на 15 септември, со кои се намалени казните и роковите за застарување на кривични дела за функционерите, се вели во анализата на „Призма“–БИРН.
Порталот „Сакам да кажам“ пишува дека иако во експресно усвоените измени во Кривичниот законик пишува дека донесувањето на Законот нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот, застарувањето на случаите ќе се плаќа токму со државни пари.
Ако сите обвинети побараат надомест за судски трошоци, вклучително и Никола Груевски за кого многу порано застаре делото примање награда за противзаконско влијание, судот нема друга опција освен да им ги досуди…
„Кога ќе се донесе пресуда со која обвинет се ослободува од обвинението или пресуда со која се одбива обвинението, трошоците за кривичната постапка, трошоците што за постапката ги направил обвинетиот, како и наградата за неговиот адвокат, се на товар на државниот буџет.Така беше во случајот „Тенковски делови“, кој се влечеше по судовите повеќе од 12 години. Според анализата на „Призма“, вкупно за овој предмет судот определил од државниот буџет на петтемина обвинети да им се платат околу 40 илјади евра. Дел од трошоците се пресметани по старата адвокатска тарифа, која беше поевтина. Овие трошоци се за секое доаѓање на рочиште, потоа за состав на разни приговори, жалби, молби и слично“ пишува СДК.







