Власта ја киднапираше државата и го зароби општеството

Партиите и дефинитивно се станати независни од државата, односно, ја покорија до степен на непроменливост, вели новинарот Ивор Мицковски.



„Тоа е пример каде власт спроти волјата на 80% од народот сака и ќе донесе Уставни измени.

Тоа е власт каде партиите тајно и нетранспаретно си носат закон за амнестија и ослободување на свои функционери.

Тоа е власт каде најголемите инвестиции се прават или на етничко-партиска основа или се даваат на странска концесија.

Тоа е власт кога на неплатен данок од 200 милиони, одиш против чесниот бизнис и воведуваш ретроактивен данок.

Тоа е кога странци ти градат градинки, а ти како коалиција си тераш лажна кампања за ЕУ.

Тоа е кога партијата без која не се може и која наводно протестираше против обложувалници, незаконски си отвара паралелна Лотарија.

Гледате ли до кој степен е отиден забегитисот, каде власт не е*е народ, бизнис, реална економија, реална статистика, реален живот, туку си моделира се по свои криминални потреби и интереси.

Тоа е одлика на киднапирана држава и заробено општество“.

Фејсбук статус на новинарот Ивор Мицковски