„Добредојдовте во најстуденото село на Земјата, каде што просечната температура во јануари е минус 50 степени Целзиусов, а трепките се замрзнуваат неколку секунди по излегувањето од дома“, пишува британски „Дејли мејл“.
„На списокот на вообичаени проблеми со кои се соочуваат жителите на Ојмакон, село во Јакустката област која е дел од Сибир, се споменуваат замрзнување на очилата на лице и проблемите со акумулаторите во возилата. Жителите велат дека ги оставаат автомобилите да работат цели ден, плашејќи се дека, во спротивното, нема да можат одново да ги вклучат“.
Жителите на Ојмајкон известија за температури од минус 67 степени Целзиусови во последните неколку дена. Тоа е само еден степен „потопло“ од рекордот забележан во 1933 година.
https://youtu.be/phqpzCSV2c4





