По измените на Кривичниот законик, поранешниот градоначалник на Центар, е пуштен од куќен притвор за случајот „Феникс“ , објави „Призма“.
За Владимир Тодоровиќ, основачот на ланецот-маркети „Тинекс“ кој беше приведен во јуни како функционер кој ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“ доби мерка за претпазливост – домашен притвор.
Сега, по предлог на обвинител, од минатиот петок повеќе не е во куќен притвор.
Делото за кое беше осомничен, според измените на КЗ што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава.
Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, па наместо во 2043, делото целосно му застарува годинава.






