Селото Градец – гостиварско два дена зборува за инцидентот што му се случил на 68-годишниот сосед, доцна вечерта на 15 јануари. Како што било пријавено во СВР Гостивар, човекот само на кусо излегол од неговиот дом, околу дваесеттина минути, кога крадците го искористиле моментот кога куќата била празна па влегле. Влегле и направиле хаос.
Кога се вратил дома, не можел да ја препознае куќата. Па не грижејќи се за направената штета дедото седнал на својот компјутер и брзо напишал молба на неговиот профил на Фејсбук:
“Вие луѓе, кои влеговде да крадете во мојот дом, Ве молам, вратете се назад и поставете ги работите на своите места, јас не можам , не ме држи силата”, напишал старецот на неговиот профил на фејсбук.
Порталот „Ботасот“ објавува и слики од домот на 68-годишникот, на кои се гледа хаосот што за само 20 минути успеале да го направат крадците.
Инаку, станува збор за мигрант кој живее во Швајцарија заедно со неговото семејство, но кој привремено се вратил дома, сам. Сè уште нема детали за тоа што му било украдено.





