Со 26 гласа „ ЗА“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ , Советот на град Скопје донесе Одлука, по една година натегање, Владата да ја преземе Универзална сала
Со ова градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е задолжена да подготви договор за промена на инвеститорот на Универзална сала од Град Скопје во Министерство за култура.
Универзалната сала е затворена пред седум години,а реконструкцијата е запрена со месеци.
Почна да се реновира во септември 2021, но по доаѓањето Арсовска градежните работи беа прекинати. Таа го обвини минатото раководство дека е виновно што концертната сала не се гради како и дека е небезбеден проектот.
Оваа иницијатива пред шест месеци првпат се најде на дневен ред на седница на Советот, но тогаш не беше изгласана, оти мнозинството советници сметаа дека Град Скопје сам треба да ја продолжи обновата.





