Од полноќ, „дизелот“ уште 1 денар нагоре

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар за литар.



Со тоа, малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 86,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 цената за еден литар ќе изнесува 90,50 ден/лит.

Не се менува, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, и останува на 92,50 денари за литар, одлучи Регулаторна.