Јапонскиот премиер Шинзо Абе јасно стави до знаење дека Токио е подготвен да им помогне на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Македонија да спроведат реформи за да можат овие шест земји да добијат членство во ЕУ.
Шинзо Абе, во понеделник престојуваше во Белград на средба со српскиот Александар Вучиќ во прва посета на јапонски премиер на Србија.
Абе изјавил дека Јапонија сака да ја зајакне соработката со Србија и другите балкански земји во области како што е економијата, а Вучиќ се надева на инвестиции од јапонски компании.
Посетата на Абе доаѓа во време на интензивна пенетрација на Кина – инаку регионален ривал на Јапонија – на Балканот.
На заедничка прес-конференција јапонскиот премиер изјавил дека Јапонија поддржува силно обединета Европа и агресивно ќе ги помага реформските напори на земјите од Западен Балкан.





