Швајцарската влада дозволи да се спроведе кампања против мигрантите во оваа земја и организаторите веднаш можат да почнат со петиција со која ќе се бара одржување референдум.
Населението на Швајцарија во моментов е околу 8,4 милиони луѓе, а една четвртина од нив се мигранти, пишува Ројтерс.
Ако со иницијативата се соберат 100.000 потписи, до јули 2019 година, тоа ќе биде доволно да се одржи референдум со кој ќе се бара да се усвојат мерки за намалување на имиграцијата. Популистичката Народна партија одамна се обидува да го стори тоа.
Во 2014 година, швајцарските власти одобрија квоти за имиграција, но ако референдумот помине, владата ќе мора повторно да преговара или да го раскине договорот за слободно движење.
Според една анкета неделава, 55 отсто од испитаниците се залагаат за укинување на сегашниот договор за слободно движење и 42 проценти се против.





