Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за ТВ21 синоќа ги расчисти сите дилеми и шпекулации дали власта има некаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
Ахмети прецизно кажува дека власта има огромни разлики со ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема затоа што Мицкоски не прифаќа измени под бугарски диктат.
Запрашан дали има некаква врска меѓу кривичниот законик и уставните измени лидерот на ДУИ открива дека нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени.
Преходно Ахмети го урниса вицепремиерот на ДУИ со изјавата дека ВМРО-ДПМНЕ не дало поддршка за измените на кривичниот законик.
Со изјавата Ахмети удира нож во грб и на Груби но и на Ковачевски, Маричиќ и другите во СДСМ кои постојано уверуваат дека на крајот ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени.
Видеото на овој линк
Како Ахмети го понижи Груби
Ахмети го уништи Груби и откри дека Мицкоски не е кабает за кривичниот законик (ВИДЕО)





