Владата доби 30 дена да се вразуми – Можен прекин на меѓународниот сообраќај кон Грција (ГАЛЕРИЈА)

Преку 500 граѓани присуствуваа протестот кој го организираа Млади за Македонија во Смрлива Вода на планината Кожуф. Граѓаните го изразија својот револт од почетокот на изградбата на две мали хидроелектрани на Кожуф.



Демонстрантите и порачаа на Владата веднаш да ја стопира изградбата на овие две хидроелектрани, во спротивно ќе започнат со блокади на сите патишка кои водат до планината, на граничниот премин Богородица и користејки ги сите расположиви средства ќе спречат сечење на шумата и изградба на 2 мини хирдоцентрали.

„Нема да дозволиме уништување на нашето национално богатство поради личниот бенефит на неколку бизнисмени. Се уништува единствената река во овој крај која има чиста вода која може директно да се пие. Изградбата на малите хидроцентрали на оваа локација ќе го уништи биодиверзитетот во регионот, како и наоѓалишта со фосили кои се национално богатство. Губиме национално богатство кое е старо со милио ни години. Затоа, по секоја цена мора да се спречи оваа еколошка катастрофа.“ вели Димитар Џундев, еден од организаторите на протестот.

„Владата на Република Македонија да донесе Одлука за стопирање на сите активности поврзани со изградбата на малите хидроелектрани ‘Папрад’ и ‘Баров дол’ на реката Дошница на планината Кожуф, рок – 30 дена. Владата на Република Македонија да донесе Одлука за отпочнување на постапка за прогласување на планината Кожуф како Национален парк – рок 90 дена. Владата на Република Македонија да донесе Одлука со која ќе го задолжи ресорното министерство за Земјоделие, шумарство и водостопанство за изработка на Проект за трансформација на подржуниците на Државното претпријатие за шуми во Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија во Јавно претпријатие за управување со Националниот парк Кожуф, рок – 90 дена“ – стои во барањата кои организаторите ги базираат на заклучоците на Конференцијата на Обединетите нации за Климата и склучениот Климатски пакт, чиј потписник е и земјава.

Преходниот викенд започна блокада со жив штит пред пред багерите и градежната механизација која треба да ја гради малата хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф. Тогаш беше најавен голем сенароден протест за Спас на Кожуф, кој се оддржа на 16 септември во 11:55 ч на излетничкото место Смрдлива Вода, планина Кожуф.

Покрај Млади за Македонија, организатори на протестот се и здруженијата на Чејнџмејкерс и Спас за Гевгелија.

“Млади за Македонија” е невладина, непартиска организација, основана и водена од младите, со цел одбрана на човековите права, зачувување на уставното име на Република Македонија, македонскиот јазик и идентитет без отстапување од стремежот за интегрирање во меѓународните организации, но по принципот на взаемна почит.