Пожарникарите го ставија под контрола пожарот што се запали на покривот на Капали Чаршија во Истанбул доцна синоќа. Официјалните лица испратија пожарникари на местото на настанот во голем број по првичниот извештај за пожарот.
Чадот од пожарот наводно бил видлив од повеќе делови на градот. Властите потврдија дека активностите за локализирање продолжиша доцна во ноќта.
Официјални лица веднаш не ја потврдија причината за пожарот или жртви.
Пожар го зафатил покривот на Капали чаршија во Истанбул, еден од најголемите и најстарите базари во светот популарен кај туристите, јавуваат локалните медиуми.
Пожарот наводно од непозната причина избувнал синоќа околу 23:00 часот по локално време на покривот на пазарот во областа Султанахмет во центарот на градот.
Капали чаршија во Истанбул работи од 15 век. Базарот или чаршијата има вкупна површина од 30.700 метри квадратни и дневно го посетуваат околу 400.000 луѓе.






