Објавена ,,аудиобомба” на која се слуша како се нудат пари за потпис за партијата на Данела Арсовска

На социјалните мрежи вчера е објавена аудиоснимка, во која се слуша глас кој дава инструкции како да се добијат пари за зачленување во новата партија на скопската градоначалничка Данела Арсовска, наречена Правда.



Преходно беше објавено дека Арсовска со помош на нејзин соработник, човек близок на Груевски регистрира партија под името Правда.

Според аудиото кое засега никој не го демантира лице кое се претставува како Бојан на граѓанин кој го снима му вели дека ќе добие 600 денари ако потпише пристапница кон партијата на нотарката Палиќ и се врати со документите.

Аудио бомбата која ја пренесува профилот Скандал на Фејсбук може да се чуе на следниот линк.

https://fb.watch/n6q5UMqzJf/?mibextid=Nif5oz