
Со стапувањето во сила на одлуката за забрана на промотивните акции на прехранбените производи во трговијата на мало, маркетите ги отстранија од полиците артиклите со акциски цени. Веќе нема да може да се нуди оваа опција бидејќи надлежните открија дека токму во овие случаи се прават манипулации со цените и се избегнува можноста за намалување и нивно замрзнување. Од Владата велат дека оваа одлука е донесена за да се заштитат граѓаните од манипулации со цените. Во во вторник ќе започне и одлуката за замрзнување на цените со намалување од 10 отсто за околу 50 основни прехранбени производи.
„Оваа одлука е донесена согласно член 29 од Законот за трговија, заради нарушување на домашниот пазар. Со оваа одлука ќе се намалат можните манипулации при ваков вид продажба на земјоделско-прехранбени производи, ќе се намали и спречи нарушувањето на внатрешниот пазар поради злоупотреби при продажбата на поединечни производи и стоки. Одлуката е граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот и да не се залажуваат со цените на прехранбените производи. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година“, велат од Владата.
Надлежните најавувата засилени контроли на пазарниот инспектора, па дури и затворање на продавници ако не се почитуваат одлуките.





