ЦУК информираше дека се активни три пожари, додека во текот на вчерашниот ден биле изгаснати 23. Од ЦУК информираат дека се активни пожарите во општините Долнени (два кај селата Црнилиште, Долгаец и Стровија) и Чашка (меѓу селата Ореше и Богомила). Противпожарните единици се на терен, а како поддршка од воздух се ангажирани и противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), Информираа од ЦУК.
Од ЦУК (РЦУК) Битола, информираа дека врз пожарот кај селата Црнилиште, Долгаец и Стровија, во Општина Долнени, интервенираат 10 пожарникари со две противпожарни (ПП) возила од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп, седум (7) лица на ДЗС од Прилеп, 25 жители од месното население и трите противпожарни авиони на ДЗС.
Пожарот кој утрово беше пријавен во 09.00 часот кај манастирот „Св.Ѓорѓија“, било всушност контролирано палење отпад.






