Кои се луѓето кои на Пендровски му рекле да го помилува ,,нарко баронот” Бекири

Претседателот на Република Македонија ја донесол одлуката за помилување на идниот потенцијален шеф на скопското подземје по препорака на Комисијата за помилување која ја избрал тој лично.



Во комисијата има луѓе од различни профили кои добро знаат кој е човекот за кого дале препорака да биде помилуван.

Во согласност со Законот за помилување, постапката за евентуално помилување на осудени лица од страна на претседателот, започнува со поднесување молба за помилување до судот којшто ја донел првостепената судска одлука.

Молбата заедно со потребната документација, судот ја доставува до Министерството за правда.

Според законски утврдената постапка, министерот/министерката за правда ги разгледува молбата и останатите документи и дава свој предлог којшто го доставува до претседателот на Република Македонија.

Комисијата за помилување на претседателот на Република Северна Македонија, како постојано работно тело во служба на претседателот, на редовни седници поединечно ја разгледува секоја пристигната молба за помилување заедно со предлогот на министерот/министерката за правда.

Комисијата, со мнозинство гласови од присутните членови, утврдува мислење односно предлог којшто го доставува до претседателот на Република Македонија.

Врз основа на мислењето на Комисијата, како и врз основа на предлогот на министерот/министерката за правда, претседателот на Република Северна Македонија донесува конечна одлука.

Одлуките на претседателот се јавни и се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“.

Претседател на Комисијата за помилување во кабинетот на Пендаровски е Уранија Пировска, а членови на Комисијата се:

• Фехми Стафа, екс државен правобранител

• Љубомир Јовески, државен јавен обвинител

• Љубомир Михајловски, поранешен министер за полиција и претседател на Адвокатската комора на Македонија

• Кимо Чавдар, професор на Американ Колеџ и колега на премиерот Ковачевски

• Ерол Рушид

• Томислав Кежаровски, поранешен новинар

• Сафет Алиу
• Зора Митиќ, психијатар

• Билјана Петковска, Директорка на Македонскиот институт за медиуми

Во вчерашната реакција за скандалот со помилувањето на Бекири од кабинетот на Пендаровски не беше наведено дали одлуката била прифатена од сите членови на комисијата или некој бил против.

Повеќе детали за скандалот кој на Пендаровски драматично му ги намали шансите да биде кандидат за втор мандат за претседател

Пендаровски се обидува да се оправда за помилување на водач на нарко картел