Тренчевска тврди дека не се укинати средствата за децата со Даунов синдром

По жестоките реакции на родителите и јавноста, дека на дел од децата со Даунов синдром им се укинати посебните средства од државата, поради условите во новиот правилник кој е на сила од јануари годинава, министерката за труд и социјала, Тренчевска објаснува дека 8 деца од вкупно 121 немале комплетна медицинска документација и имаат негативен наод при преглед од Комисијата за проценка. Но, вели се прават напори да се обезбеди парична помош и за овие деца.
-При посетата на Комисијата за проценка на функционалноста, кај 8 деца е даден негативен наод. Министерството стапи во контакт со овие деца и Комисијата за проценка да се направи повторен увид и да се даде повторен наод, рече министерката Јована Тренчевска.



Тренчевска вели дека не е укинато ниту едно право на лицата и децата со попреченост, туку напротив се воведени нови услуги и се зголемени средствата наменети за нив. И премиерот Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање демантираше дека е укинат додатокот од 6 000 денари за дел од децата со Даунов синдорм, тврдејќи дека станува збор за шпекулација.