Мелон Солушнс одбележа 20 години работа на македонскиот пазар. Формирана како подружница на Мелон Технолоџис и дел од на меѓународната групација Мелон, Мелон Солушнс се етаблира на локалниот пазар со доминантната улога во воведување и рационализирана имплементација на иновативни технологии во финансискиот сектор. Комбинирајќи го меѓународното знаење со локалното искуство, Мелон Солушнс им помага на компаниите да ги олеснуваат и трансформираат трансакциите и интеракциите со други бизниси односно крајните корисници и со тоа им помага на своите клиенти да остварат брз раст со ниски оперативни трошоци.
![]()
„Изминативе дваесет години Мелон Солушнс го дефинираше патот за примена на иновативните технолошки алатки во финансиските дејности на локалниот пазар. Работејќи во сектор што е многу специфичен, конкретен, динамичен и флуктуирачки, со нашата експертиза и решенија, воведовме новини во индустријата но и создадовме ефективни решенија и дополнителна вредност за нашите клиенти. Покажавме дека трансакциите и интеракциите може да понудат и други експанзивни можности создавајќи цел еден систем на деловна ефективност. Денеска сме доверлив бизнис партнер кој им овозможува на клиентите да ги трансформираат своите деловни екосистеми и да го зајакнат своето дигитално присуство со минимални оперативни инвестиции. Да се биде дел од и со својата експертиза, да се даде придонес кон зацврстувањето и растот на овие компании и институции, за нас е најголемата вредност и признание“, истакна Викторија Нестороска, директор на Мелон Солушнс во Македонија.
Капитализирајќи го искуството на домашниот пазар, Мелон Солушнс нуди широк спектар приспособени и наменски деловни решенија кои што во целост и успешно создаваат трајна вредност во повеќе индустрии, големи банкарски и финансиски институции, телекомуникациски компании, малопродажба, осигурителни компании. Континуираното проширување на областите каде ги нуди своите услуги е резултат на стручното знаење, докажаните способности и непроценливо меѓународно искуство.
![]()
Меѓународното реноме на Групацијата Мелон се должи на посветената работа на над 6 000 вработени во 11 земји и на соработката со над 70 000 клиенти. Успехот на групацијата се темели на сеопфатните решенија и услуги на групацијата, кои придонесуваат за поедноставување на сложените деловни процеси во финансискиот сектор и за решавање на технолошките и деловните предизвици.




