Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека довербата во судството може да расте со ефикасни процеси и конфискација што ќе има смисла.



„Корумпираните политичари може и да одлежат затвор за да ги зачуваат парите. Целта е да се одземат парите, а казните да бидат разумни“ рече Маричиќ во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека конфискацијата се врши по закон, а токму тие кои ја спроведуваат барале измени на законите со цел да се овозможат можностите за конфискација, пренесува Нова ТВ.

„Измените на Кривичниот законик не таргетираат, ниту прават амнестија или помилување.

Законот има јасна цел, да додефинира некои кривични дела, да го нормализира нивото на казни со европско ниво, по примерот на Словенија и Германија и да ги засили можностите за проширена конфискација“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека досега судиите се мачат да извршат конфискација, а со овие измени се остава можност судството да покаже дека може да функционира.