Утре треба да се одржи последното рочиште по тужбата на Македонското меѓународно движење за човеови права против министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Претседателот на движењето, македонскиот активист од Канада Бил Николов, ги повика медиумите, но и сите заинтересирани да присуствуваат на рочиштето.
Завршното рочиште во нашата тужба против Бујар Османи е во петок, 15 септември! Ги повикуваме медиумите и сите заинтересирани за човековите права да присуствуваат и да известуваат за овој важен случај. 10 часот, судница 8, Основен граѓански суд – напиша Николов на социјалните мрежи.




